Колумбиската теленовела “Златен глас” со емитување на Прва скопска МТМ телевизија заврши пред неполни две недели, а сега повторно на програмата на оваа тв со репризни изданија од првата епизода. Животната приказна за колумбиската пејачка од понеделник до петок во 18.20 часот, и недела од 21 часот маратон на пет епизоди. Во продолжение ве потсетуваме на содржината :
50тите години на минатиот век, време на полова дискриминација, време каде жените биле предодредени да имаат повеќе обврски отколку права, а улогите на мајки, сопруги и домаќинки биле над сѐ останато. И во една таква ера, се запознаваме со приказната за Хеленита Варгас, млада девојка која мечтае за слобода и права. Таа сонува да стане позната пејачка, а музиката е она што го исполнува нејзиното срце и ја разнежнува душата на оние кои ја слушаат. Нејзините најголеми копнежи и задоволства ги доживува токму преку пеењето, со што сака да ги погази сите предрасуди и препреки кои постојат за жените во тоа општество. Нејзината мајка е против тоа Хеленита да стане пејачка, па затоа ќе ја казнува и ќе ја испрати во интернат. Но, гласот за слобода е посилен од било што друго.
Од интернатот, Херман ѝ помага да избега и ѝ нуди шанса да стане пејачка, но она што нашата хероина не го знае е дека пеколот со Херман допрва започнува. Патот до успехот е тежок, а борбата против слепата љубов уште потешка.
Хеленита станува позната пејачка и се изградува како личност, свесна дека популарната музика не познава родови и граници, не познава класи и разлики, а токму на тој пат, таа ќе биде водена од својот глас. Од златниот глас на телото и умот.
Улоги : Majida Issa, Ana María Estupiñán, Diego Cadavid, Leonardo Acosta, Laura Garcia, Luis Fernando Montoya, Greeicy Rendón
Дани | ТВ Пакет