The Poddington Peas, или во превод “Веселите Грашковци” е анимирана британска телевизиска серија наменета за деца, креирана е од Пол Нидс и Колин Вајат. Првата сезона од серијата имаше 13 епизоди, а првпат беше прикажана на каналот BBC во 1989-та година. Во 2008-та година се шпекулираше дека креаторите ќе создадат втора сезона и тоа користејќи ја CGI (Computer-generated imagery) технологијата за анимација. Насловната музичка тема зборуваше за тоа како “Грашковците” живеат доле на дното од градината.
Градинарските објекти прикажани во реална големина, а џиновска за “Грашковците”, на нив им служеа како објекти за живеење. Човечката раса во оваа серија никогаш не е видена ниту спомената. Во 1992-та година, писателот Фил Гарднер беше повикан со својот талент да помогне во пишувањето на новите епизоди, вклучувајќи ја и онаа којашто беше предвидена да ја пробие серијата во САД, епизодата што донесе и нови ликови. Со растот на популарноста на проектот се појавија и бројни продукти инспирирани од ликовите и наменети за фановите. “Веселите Грашковци” на Македонската радио-телевизија се емитуваа со македонска надсинхронизација.
Текстот од насловната музичка тема:
Down at the bottom of the garden,
Among the birds and the bees,
A little lot of little people,
They call the Poddington Peas.
There’s Creep-Pea, Black-Eye-Pea and Dump-Pea.
Keep it a secret now please.
There’s Zip-Pea, Hap-Pea and there’s Sweet-Pea.
And all the Poddington Peas!
The Poddington Peas!
Chris | ТВ Пакет