Почетна / Серии / Пет интересни работи кои не сте ги знаеле за Агата Кристи

Пет интересни работи кои не сте ги знаеле за Агата Кристи

Pickbox моментално прикажува нова адаптација на романот на Агата Кристи: Убиства по азбучен редослед (The ABC Murders) со Џон Малкович како Херкул Поаро. Во исчекување на новите епизоди кои во понудата доаѓаат во петок, истраживме занимливости за неверојатната жена со генијален ум – Агата Кристи. Агата е родена во Торки, 1890 година. Беше и остана најпродаваната писателка на сите времиња, а ние ви носиме пет интересни работи за неа кои (веројатно) не сте ги знаеле!

  1. Со облог до првиот роман

Својот прв роман го напишала поради облог со нејзината сестра – тоа било во 1916 година кога имала само 26 години. Романот е издаден четири години подоцна, под името „The Mysterious Affair at Styles“, а во него се појавува Херкул Поаро.

  1. Опасна жена

Романот Убиства по азбучен ред“ (The ABC Murders) е напишан во 1935 година и е издаден во јануари 1936 година, две години по „Убиства во Ориент експрес“. Во рецензијата на „Тајмс“ за новиот роман на Агата Кристи во истата година пишува дека „ако госпоѓа Кристи некогаш ја замени фикцијата со вистински злосторства, ќе биде многу опасна: никој освен Поаро нема да може да ја фати“.

  1. Веднаш по Библијата и Шекспир

Книгите на Агата Кристи се продадени во повеќе од две милијарди примероци, што значи дека попродавани се само Библијата и Шекспир. Освен тоа, нејзините книги се преведени на повеќе од 100 јазици, а нејзината долговечна кариера траела со децении. Напишала 66 криминалистички романи, 6 романи и над 150 кратки раскази.

  1. Широк спектар на познавања

Според нејзините книги, лесно е воочливо дека Агата Кристи имала широк спектар на познавања. Тоа го докажуваат нејзиниот интересен живот и разновидните интереси. Имено, за време на Првата светска војна, работела во амбуланта каде што научила сѐ за отровите. Да сурфа научила во Јужна Африка и на Хаваите во 1922 година. Многу време поминала на Блискиот Исток со својот втор сопруг, археологот Макс Малоуан, кому му помагала околу ископувањата.

  1. Врската со Хари Потер

Интересната информација која која е на прво место се однесува на најновата адаптација на Агата Кристи. Двајцата актери кои се прославија со филмовите за Хари Потер повторно се најдоа заедно на снимањето во новата серија за Поаро. Се работи за Руперт Гринт, познат по улогата на Рон Весли, како и на шкотската актерка Ширли Хендерсон, која во филмовите „Хари Потар и собата на тајните“ и „Хари Потер и огнениот пехар“ ја играше плачливата Миртел, духот кој се крие во бањата на училиштето за магија „Хогвартс“.

Убиства по азбучен редослед (The ABC Murders) со Џон Малович како Поаро доаѓаат во понудата секој петок на Pickbox.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!