Во „360 Степени“ на ТВ Алсат вечерва (8.2.2019 г.) од 22:00 часот – интервју со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Какоко Царовска се најде на линијата на огнот меѓу ДУИ и СДСМ, како ги доживува обвинувањата од ДУИ за неодговорно однесување и ширење лажни вести со обелоденувањето на скандалот за неуплатени 19 милиони евра пари на осигуреници во вториот пензиски фонд?
Вечерва дискусија за главните разлики меѓу СДСМ и ДУИ за реформата во социјалната сфера и пакетот закони кој е блокиран во Собранието. Зошто законот за заштита од дискриминација е заглавен во парламентот и реални ли се „стравувањата“ за еднополови бракови и дали Владата ги слуша предупредувањата на ММФ за претпазливост при евентуално ново зголемување на минималната плата?
https://www.facebook.com/360stepeni/videos/796561597363438/?t=10
Дани | ТВ Пакет