За мистериозната серија „Интернат“ зборувавме многупати, но денеска ве известуваме дека имате можност и сами да ја погледнете на една од кабловските телевизии. AXN ја откупи и последната сезона, а денеска во 11.20 часот ќе се случи нејзината премиера. во текстот подолу ќе се обидеме накратко да ве упатиме во досегашната приказна за полесно да го разберете почетокот на седмата сезона.
Од претходните епизоди…
Интернат „Лагуна негра“, елитно и привилегирано училиште. Најмоќните фамилии во Шпанија своите деца ги праќаат токму на ова место. На нив однадвор интернатот им наликува на мирно место, но таму се случуваат многу чудни работи.
Интернатот се формирал во 1954-та година токму кога завршила втората светска војна. Стотина наци се распространиле низ светот. Во Германија се формирал „Отокс“. Фармацевтска фирма што експериментира со луѓето. Тие имаат помош од Џек Ноирет кој е еден од акционерите во фирмата, и директор на интернатот. Проектот за експериментирање со луѓе е наречен „Хеминис“.
Во интернатот постои една соба во која никој не може да влезе, оти нејзината врата со години е заѕидана. Двајца од учениците, Маркос и Иван, влегуваат преку прозорецот во таа просторија, а таму дознаваат дека таа соба е на Ева Вулф. Таа е ќерка на Ритер Вулф, главниот виновник за смртоносниот проект.
Вулф во минатото создал вирус со кој требало да се истреби народот и да преживеат само најсилните, но тој вирус случајно доаѓа до неговата ќерка, Ева Вулф. Кога тој дознава дека Ева е заразена веднаш ја заспива во машината за која смета дека е способна да го отстрани вирусот. Минуваат многу години, а Ева сеуште лежи во машината. Нејзиниот дух почнува да шета насекаде низ интернатот.
Германците одлучиле дека најдобро место за експериментирање со луѓе би бил интернатот во Шпанија што е сместен во далечна шума и е оддалечен од градот. Го откупиле и почнале да го развиваат својот проект длабоко во подземјето на интернатот. Таму почнуваат да се случуваат убиства, вирусот се шири и тајната за проектот „Хеминис“ повеќе не е тајна.
Маркос, Каролина, Иван, Хулија, Роке и Викторија се главните ликови во оваа приказна. Тие ја откриваат целата историја. Набрзо Ноирет ќе сфати што се случува и ќе се обиде да ги раздели. Најслабиот од нив, Роке, добива закана дека ќе биде заразен со вирусот ако не ја убие својата пријателка Каролина, тој ќе го стори тоа. Но и покрај тоа сите од нив ќе бидат заразени за да можат да ги контролираат.
Ритер Вулф конечно ја довршува машината и се обидува својата ќерка да ја врати во живот, но во тој момент еден од професорите што беше вмешан во овој проект, фрла бомба врз Ева, и целото подземје се уништува. Додека се случува експозијата една од капсулите со вирусот се наоѓа на подот на интернатот, поради големата паника еден од учениците ја крши и така вирусот ги заразува речиси сите во старата зграда.
Што понатаму? Гледајте денеска во 11.20 часот на AXN во премиерата на седмата сезона од „Интернат“!
Chris | ТВ Пакет