Телевизија 24 годинава за прв пат е прогласена за Супербренд на Македонија, исполнувајќи ги 4те основни критериуми неопходни за здобивање на статусот, а тоа се: квалитетот, финансиската стабилност, постојаниот раст и емоционалната поврзаност со конзументите т.е. гледачите.
Добивањето на овој статус од страна на најголемиот незсависен арбитар за брендирање во светот, за добитниците значи зајакнување на позицијата на брендот на пазарот, и подигање на уште едно ниво повисоко од конкуренцијата. За добитниците на признанијата одлучува стручиот совет на „Супербрендс“ составен од експерти и еминентни индивидуалци од светот на брендирање, рекламирање, маркетинг, дизајн, и други…но, гласот го дава и јавноста преку официјалната веб страна на Супербрендс.
Меѓу наградените се најдоа и голем број на брендови кои долги години се успешно дел од нашето секојдневие во Македонија, меѓу кои за супер брендови беа прогласени и Весна Гиновска Илкова како личност со особен придонес во културата и музиката, и градот Крушево како една од најубавите македонски туристички дестинации.
ТВ 24 веќе обезбеди конкурентска предност, па тимот на ТВ Пакет со задоволство честита на оваа телевизија со стабилен рејтинг на гледаност и им поскаува уште долги години успешна работа и емитување на секогаш објективни информативни, контактни емисии, како и одлична играна и забавна програма.
Дани | ТВ Пакет