“Ја бранев младата Босна” сега станува “Адвокатот на атентаторот”
Од 2 март (сабота) во 20 часот на Алфа ТВ ќе започнеа српската мини серија “Адвокатот на атентаторот” во 4 продолженија. Серијата е снимена по материјал на филмот од страна на РТС, а по сценарио и режија на Срѓан Кољевиќ. Во главните улоги ќе ги гледате Nikola Rakočević, Vuk Kostić, Nebojša Glogovac и Vaja Dujović. Серијата веќе се емитуваше на Сител пред неколку години, преведена како “Ја бранев млада Босна” исто како и “Ранетиот орел”, која сега повторно се емитува на Алфа.
28 јуни, 1914 година, Гаврило Принцип и неговите другари, млади момци кои сонуваат за слобода, ќе извршат атентат врз пресолонаследникот на Австроунгарската империја, Франц Фердинанд. Сите ќе бидат осудени на смртна казна и сите ги чека макотрпен судски процес, во кој за пресудата е однапред одлучено.
На судењето кое следи, нив ќе ги брани младиот правник Рудолф Цистлер кој поради одбраната на младобосанците, ќе наиде на револт и гнев од многумина. Откако ќе ги запознае момците обвинети за убиството и ќе ги спознае и сфати нивните мотиви и потреби, самиот бранител ќе се соочи со најголемата емотивна драма и ќе го прифати најголемиот ризик во својот живот. Од негов агол ќе го пратите целиот судски процес за прочуениот сараевски атентат.
Дани | ТВ Пакет