Хит серијата “Карасевда” доаѓа до самиот крај. Крај каков што никој не може да замисли. Завршница која ќе ја заледи крвта на гледачите кои една година ја следат интригантната сага за љубовта на Кемал и Нихан. Финале кое се вбројува во најзапаметените во светот на турските серии.
Кемал и Нихан ја крунисаа својата љубов и среќата за нив не познава веќе крај. Заедно среќни, за нив не постои страв дека нешто непредвидливо ќе се случи во шокантната завршница на приказната. Но, ѓаволот смислил поинаков план за нивните судбини. План што ќе ги насолзи очите на гледачите и ќе ја потресе македонската гледачка публика.
Ќерката на вашите омилени ликови веќе во понеделник станува жртва на ѓаволот, а за нив ќе следува уште една битка за љубов и правда. Овојпат онаа последната, онаа вистинската која само ќе ја потврди бескрајната љубов на младите љубовници.
Не пропуштајте ги последните епизоди на “Карасевда”, од понеделник до петок во 19.45 часот на Сител телевизија и поминете ги последните мигови со вашите Нихан и Кемал.
Дани | ТВ Пакет