Авалон продукција со големо задоволство го најавува нивниот следниот значаен концертен проект. FUNK SHUI конечно ќе го имаат својот прв соло концерт на 29-ти март во МКЦ (Дансинг сала). Бендот минатата година имаше неколку нови изданија од кои излегоа хитовите „Виулица/Сомнежи?“, „Крик“, „Стаклени нозе“, „Деца“, а ако се земат предвид нивните фуриозни настапи, веруваме дека салата во МКЦ ќе биде исполнета до последно место.
Билетите за концертот на Funk Shui се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по цена од 300 денари, а на денот на концертот- 400 денари. Побрзајте и набавете ги вашите влезници навреме!
Дани | ТВ Пакет