Почетна / Телевизија / Забава и знаење со српските ВИП личности во новото шоу на Алфа

Забава и знаење со српските ВИП личности во новото шоу на Алфа

Секоја недела во 21 часот на Алфа ТВ ќе се емитува српскиот семеен квиз “Кој е на врвот?”. Во забавното шоу ќе се натпреваруваат познати српски личности, а наградата ќе оди за хуманитарни дела. Во квизот постојат капсули во кои се наоѓаат српските ѕвезди и во зависност од одговорот и неговата точност, капсулите ќе одат горе-долу. Водители на квизот, кој се снимаше во филмското студио во Шимановци, се Катарина Шишмановиќ и Милан Калиниќ, познати од “Сѐ за љубов”.

Резултат со слика за ko je na vrhu pink

Во првата емисија, која на Алфа ќе ја гледаме оваа недела, 3 март, ќе се натпреваруваат Дара Бубамара, Сале од “Тропико бенд” и продуцентот Дамир Хандановиќ. Одговарајќи на прашања од областа на историјата, географијата и математиката, кандидатите ќе поминат низ пет рунди, така во првата ќе имаат можност да освојат 50.000 динари, во втората 100 илјади, во третата 150 илјади, во четвртата 200, и во последната, петта рунда – 300 илјади динари. На крајот на емисијата, останува само еден ВИП натпреварувач кој ќе се бори за главната награда.

Дани | ТВ Пакет

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!