Вечерва на Сител, веднаш по централниот Дневник следува нова епизода од новата семејна комедија “Две бурми”. Вистинска семејна збрка продолжува во домот на Метин. Гледачите слатко ќе се насмеат и оваа вечер со викенд комедијата на Сител.
Две жени под ист покрив, и двете со бурма на раката од ист маж. За Перихан сите мислеа дека е мртва, но нејзиното појавување по 12 години во својот дом донесе низа незгодни ситуации. И комедијата допрва започнува.
Децата и сопругот се среќни поради нејзиното враќање, но има еден мал проблем. Метин сега има друга жена, која децата ја сметаат за своја мајка. И така Перихан се враќа на старите навики на сопруга и мајка, но дали тоа ќе ѝ се допадне на Хулија? Ќе може ли Хулија да прифати соперничка во својот дом? Следете Сител и релаксирајте се со семејната комедија “Две бурми” и оваа вечер во 19.45 часот.
Дани | ТВ Пакет