Почетна / Серии / По репризата на „Џек Тејлор“, МТВ со реприза и на серијата „Мост“

По репризата на „Џек Тејлор“, МТВ со реприза и на серијата „Мост“

“Bron”/”Broen” – скандинавска хит серија репризно на МТВ

Многумина ја нарекуваат “кралица на трилер сериите од Скандинавските земји”. “Мост” е популарна крими серија која со голем успех се емитуваше во матичната земја, а досега се емитуваше два пати и на Македонската телевизија и на 1 ТВ. Од 12 февруари, вторник, повторно реприза на “Мост” и тоа на местото на репризата на “Џек Тејлор” по 22 часот.

Oд оваа серија во данско-шведска продукција со снимени 4 сезони и вкупно 38 продолженија. Во главните улоги ги гледаме скандинавските актерски имиња како Рафаел Петерсон, Софија Хелин, Даг Малмберг, Ким Бодниа, Пук Шарбау. Во продолжение потсетете се на содржината на овој трилер :

Едно женско тело е откриено на мост, кој ја означува границата помеѓу Шведска и Данска, а за детективите претставува најкомплициран случај. Ова е само почеток на планот на убиецот кој себеси се нарекува терорист на вистината, и сака на властите да им ги отвори очите.

Шведската и данската полиција заеднички го решаваат случајот. Текот на истрагата покажува дека се работи не само за едно, туку за две убиства. Полицајците од двете земји очајнички се обидуваат да го пронајдат убиецот кој ги преминува сите граници на злодела за да ја пренесе својата порака. Кога сè ќе се заврши, животот на ликовите веќе нема да биде ист.

 Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!