Дојде ли моментот за победа на нашата земја на најголемиот европски музички спектакл? Промовирана е песната со која Тамара Тодевска ќе нѐ претставува на Евровизија оваа година на 16 мај, во второто полуфинале во Тел Авив. Музиката на “Proud” e дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, текстот го направија Коста Петров и Сања Поповска, а видеоспотот го режираше Чедо Поповски.
По првото слушање, песната ја собори критиката. Најмоќната песна со најсилната порака која некогаш сме ја испратиле на Евросонг. Погледнете го видео записот, слушнете ја нашата евровизиска претставничка и уживајте во моќта и силата на пораката која ја носи. Тамара, горди на тебе!
Дани | ТВ Пакет