Италијанската крими серија “Катуранди” премиерно се емитуваше на МТВ 1 пред скоро година дена, од кога и два пати беше репризирана потоа. Во недостиг на премиерни содржини, МТВ 1 повторно со реприза на италијанската мафијашка драма и тоа повторно во прајмјтајм, по 21 часот.
Катуранди е елитна полициска единица од Палермо која е посветена на прогонување и апсење на најбараните бегалци на правдата. Членовите на Катуранди се експерти за електронски надзор, способни да постанат невидливи, а еден од нивните најсилни адути е Палма Тоскано, импулсивна, страсна и посветена млада жена, решена да ги улови сите, се до последниот водич на најмоќната криминалистичка организација на светот, Натали Скијаку.
Во Палермо, каде се одвива оваа акциона драма, Палма ќе сфати дека ништо во животот не е онакво какво што се чини. Ќе сфати дека најопасните измамници и криминалци може да се многу блиску до неа, а таа да не е ни самата свесна за тоа. Пријателите може да те предадат, некогаш дури и љубовниците… затоа што тоа се луѓе во кои никогаш не можеш да се посомневаш.
Главните улоги во оваа мини серија ги толкуваат Анита Каприоли, Алесио Бони, Масимо Гини ), Винченцо Амато, Лео Гулота и Марта Гастини, а режијата е на Фабрицио Коста.
Дани | ТВ Пакет