Почетна / Телевизија / 18+ | АВМУ реагира до Телма и 24 за серии кои се веќе завршени

18+ | АВМУ реагира до Телма и 24 за серии кои се веќе завршени

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми реагираше до ТВ Телма и ТВ 24 за погрешно категoризирани серии во нивните програмски шеми кои се емитуваат во погрешно време во денот. По извршен вонреден програмски надзор по добиена претставка и констатирано прекршување на правилата за заштита на малолетната публика, Советот на Агенцијата на ТВ Телма ѝ изрече мерка јавна опомена.

Секс сцена од серијата на Телма емитувана во прајмтајм

Имено, на програмата на ТВ Телма, играниот серијал „Животинско кралство“, е емитуван спротивно на правилата за заштита на малолетната публика, односно серијалот беше погрешно означен според категоризацијата на програмата и емитуван во несоодветен временски период – објавува АВМУ на својата официјална веб страна. Слично соопштение има и за крими италијанската серија “Прашање на чест” која се емитуваше на ТВ 24, за која исто така е извршен вонреден програмски надзор.

Од октомври, ТВ 24 во 18.15 часот емитуваше серија со мафијашки престрелки

Притоа им се наложува на телевизиите во рок од 30 дена да го ускладат работењето согласно Правилникот за малолетни лица и одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиуми.

Она што нѝ падна во очи е дека Писмениот извештај за извршен програмски надзор врз ТВ 24 е објавен на 13 март на веб страната и врачен до телевизијата, а серијата со емитување на оваа фреквенција заврши на 5 март. Имајќи предвид дека серијата веќе не се емитува, како е можно ТВ 24 да би реагирала во рок од 30 дена и да го помести терминот на емитување на веќе завршена серија?

Геј сцена од “Животинско кралство”

Истото ова се случува и со Телма. “Животинско кралство” заврши уште во февруари, а АВМУ дава јавна опомена за експлицитните сцени на 11 март и наложува во следните 30 дена да се постапи по опомената. Зошто Агенцијата не реагира навремено, знаејќи дека сериите на овие телевизии веќе неколку месеци траат, а се реагира дури по нивно завршување?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!