Вечерва, настан во регионот беше упадот на демонстрантите во зградата на Радиотелевизија Србија кои бараа објективно известување од страна на РТС. Упадот на незадоволните Срби ги преплави телевизиите во регионот, кои дури и испратија свои екипи во Белград за да известуваат во живо.
И една македонска национална телевизија не остана имуна на актуелните случувања во Белград. Но, наместо да вклучи своја екипа директно од местото на настанот, тие решија да реемитуваат пренос во живо кој оди на регионалната информативна N1 телевизија. Но, ексклузивниот пренос од N1 сепак мораше да си дели простор на екран со едно турбо фолк шоу кое се емитуваше во моментот.
Сеедно дали било шоу или вести, битно на екранот секогаш има место за српско. Нели? 😉
Дани | ТВ Пакет