Утре конечно дознаваме што ќе се случи со А2 телевизија, дали ќе продолжи да функционира или засекогаш ќе згасне, како што се случи со А1. Советот за радиодифузија повторно ќе ја стави оваа телевизија на дневниот ред по претходно добиениот рок од 15 дена за усогласување на програмската шема. Пред две недели мониторингот покажа дека на А2 се емитува за 0,62 проценти помалку образовна програма, на сметка на високиот процент забавна програма. Добија позитивна оценка за промената во програмската шема изминатите денови, но и негативна критика за техничките проблеми што се забележуваат при емитувањето.
Chris | ТВ Пакет