Многу љубов, многу емоции и многу среќа преточени во преубава атмосфера го одбележаа првиот голем концерт на Лозано во саботата во ВИП Арената.
Насмеани лица од сите генерации ги пееја неговите хитови во еден здив…
а тоа е доволен показател дека Лозано може и тоа како да полни големи сали.
Незаборавен концерт приреди Влатко со што покажа дека македонските изведувачи кои пејат квалитетна музика се почитувани и омилени кај публиката.
Јако јако, Надеж, Километри, Како тебе нема друга, Сонце не ме грее, Мајко, Мандарина, Бонбона и ред други се нижеа во концертната еуфорија и беа проследени со вресоци и громогласни аплаузи.
Влатко Лозаноски Лозано буквално растури!
Специјални гости на концертот беа Некст Тајм кои уште толку ја загреаа атмосферата…
а во публиката беа колешките и пријателки Каролина, Елена и Тамара кои му дадоа целосна подддршка. Македонската музичка историја збогатена за уште еден вонвременски настан. Нашата земја може да се гордее што го има Лозано, а нашите граѓани да се среќни што квалитетот се уште сѐ цени.
Фотоградфиите се дело на Stefan Rajhl
Дани | ТВ Пакет