Вчера вечер беа доделени вторите по ред „Стори“ награди во хотелот „Александар Палас“, каде присуствуваа многу наши познати личности од светот на шоу-бизнисот, бизнис-фелата и спортски работници.
Но, дефинитивно Бојан Јовановски, сопственикот на „БМЈ“ и 1ТВ беше ѕвезда на вечерта.
Неговиот изглед предизвика реакции кај присутните, но и по социјалните мрежи. Пораката која сакаше Јовановски да ја упати со овој стајлинг е многу силна. Станува збор за креација од најновата линија „Louis Vuitton“, а сите парични средства од оваа колекција ќе бидат донирани во борба против тероризмот и насилството во светот.
Бојан сподели и неколку фотографии на неговиот профил на Инстаграм, а како коментар го напиша следното:
– Костимот ( кој е главна тема ) кој го носев на вчерашната оскаровска манифестација #сторинагради има силна порака! Костимот е од последната колекција на „Louis Vuitton“ и е инспириран од приказната „Волшебникот од Оз”, она што е најважно е дека компанијата правејќи ја оваа колекција направила и своја кампања за борба против тероризмот и насилството. Сите финансиски средства од продажбата на овие лимитирани модни парчиња од оваа колекција одат во борба против тероризмот и насилството на светско ниво!!
Горд сум што сум првиот Македонец кој на директен начин зема учество во оваа светска кампања!!!
Со љубов, Вашиот “Волшебник од Скопје”- Светско а наше.
| ТВ Пакет