Една од најпознатите турски актерки се враќа на малите екрани во нова трогателна драма. Ѓулсерен од “Парампарче” во најновата турска продукција “Ѓулпери” која започнува во Македонија.
Приказна за една жена која по исчезнувањето на нејзиниот маж на фронтот во Сирија е приморана сама да се грижи за нивните три деца. Несреќата доаѓа кога во обид да ја одбрани својата чест, приморана е да го убие деверот. Од тој момент го навлекува гневот на семејството на сопругот и бесот на нејзините деца. Деновите минати зад решетки нема да бидат нејзината најголема казна, туку довербата од децата која е веќе изгубена.
Наскоро, ѕвездата од “Султана”, “Бунтовничка”, “Конакот на агата”, “Парампарче” и “Љубов и казна” во нова турска драма на една национална македонска телевизија.
Дани | ТВ Пакет