Почетна / Серии / Нова реприза за мини серијата „Титаник“ наутро на Телма

Нова реприза за мини серијата „Титаник“ наутро на Телма

 Од понеделник до петок во 7 наутро – “Титаник – крв и челик”

 „Титаник: Крв и челик“ е телевизиска серија, снимена со буџет од 30 милиони долари за 12 епизоди, која премиерно и ексклузивно во Македонија беше прикажана во 2013 година на Сител телевизија. Сител телевизија успеа меѓу првите телевизии во светот да ја откупи серијата за најпознатиот брод кој ја доживеа најголемата несреќа, а минатата година, ТВ Телма ја репризираше. Потоа следеа и неколку пати репризи на серијата на Телма, па така и овој април повторно наутро во 7 часот, нови репризи.

За разлика од сите досега видени филмови и серии поврзани со најголемата бродска несреќа во историјата, оваа серија не се концентрира на моментот на потонување на Титаник, туку на моментот кога тој почнал да се гради. Ова е приказна за луѓето кои се одговорни за неговиот дизајн и градба. Иако дејствието се одвива во Белфаст, голем дел од сцените се снимени во Белград и Крагуевац.

Главните улоги ги играат: Kevin Zegers, Liam Cunningham, Alessandra Mastronardi, Derek Jacobi, Neve Campbell, а несомнено дека големо внимание привлече и Chris Noth, познат по улогата на Ѕверката од серијата „Сексот и градот“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!