“Др. Митов” е нова попладневна емисија на 1 ТВ која ќе се емитува секоја недела во 17 часот. Емисија за здравствените проблеми и како најлесно да се справиме со истите.
Д-р Александар Митов е магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето. Дипломира медицина на Медицинскиот факултет во Скопје како првенец на генeрација. Магистрира јавно здравје на кипарскиот институт на Harvard School of Public Health, а подоцна завршува магистерски студии за политики за животна средина во Кембриџ, Велика Британија.
Од 2012-та година до 2017-та е Советник за здравство на Претседателот на Владата на Република Македонија, а беше и главен стручен консултант на кампањата за здрава храна на Владата на РМ, „Здравјето е избор!“
Дани | ТВ Пакет