Почетна / Живот / 95-годишна старица станала од ковчег на својот погреб!

95-годишна старица станала од ковчег на својот погреб!

По малиот Бразилец што мистериозно воскресна на својот погреб, за потоа повторно да почине, сега и една 95-годишна жена од Кина се разбудила по шест дена поминати во ковчег, само што оваа продолжила да живее, јавува порталот „Курир“.

 

 

Старата Ли Шиуфенг ја сметале за мртва откако не можела да се разбуди по повредата на главата со која се здобила при една незгода. Ја ставиле во ковчег во нејзината куќа, а таму почнале да се собираат нејзините најблиски и пријателите за да се збогуваат. На денот на погребот, соседите забележале дека ковчегот е отворен, а 95-годишната старица стоела во кујната и готвела.

„Многу се исплашивме и ги викнавме соседите да ни помогнат. Тие бараа насекаде. Ја најдовме во кујна како си готви“, изјавил соседот што претходно го пронашол, наводно, мртвото тело.

„Долго спиев. Се разбудив и бев гладна, па сакав нешто да си зготвам. Го поттурнав капакот и си излегов“, нејасно проговорила старицата.

Докторите велат дека имала „вештачка смрт“, односно телото е уште топло иако нема дишење. Благодарние на старата кинеска традиција ковчегот да се чува дома неколку дена, таа сега е жива, но без ниту еден свој предмет, затоа што според традицијата, кога некој умира се што е негово се фрла во оган.

 

 

 

 

Martin M. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!