Модерната играна серија за “Ќерките на Фазилет” наголемо започнува да ги интригира гледачите покрај малите екрани. Неверојатен пресврт во вчерашната епизода најавува низа неочекувани реакции и сплетки во следните, уште повозбудливи епизоди од мелодрамата.
Госпоѓата Фазилет не се откажува од намерата да остане засекогаш во богатата вила на Егеменови. Колку е подготвена да ја погази сопствената, но и честа на своите две ќерки за да ги оствари болните амбиции за пари и луксуз? Додека малата доби предлог за брак од стариот Хазим, големата ќерка е втуркана во вистински љубовен триаголник.
Како ќе се “носи” Хазан со вистината за Синан? Ќе може ли да му прости на човекот кој го засака или другиот брат е тука да ја утеши и да ја сврти топката кон него?
Од понеделник до петок ги следиме најновите случувања од вилата на Егеменови. Ексклузивно на Сител следете “Ќерките на Фазилет” во 21.20 часот, веднаш по “Далеку од дома”.
Дани | ТВ Пакет