Популарниот шпански филм “Три метри над небото” премиерно на телевизија 24. Велики петок (26 април) со почеток во 20.45 часот ќе ја проследите романтичната драма од 2010-та година, инспириран од од постоечката новела “Три метри над небото” (Tres metros sobre el cielo) од италијанскиот автор Федерико Моча. Филмските ѕвезди Марио Касас и Мариа Валверде се главните улоги, а филмот доби најголема заработувачка од 8.464.994,39 € за 2010та година, победувајќи ги Очите на Јулија и Нека умрат грдите.
Се раскажува приказната за неверојатна врска, речиси невозможна, но и неизбежна, завршувајќи со вовлекување на парот во жешко патување на откривање, каде што ќе се открие заедно првата голема љубов.
Баби (Мариа Валверде) е една девојка од средната класа која е воспитана во духот на добрината, невиноста и правилата. Аче (Марио Касас) е бунтовно момче, импулсивен, кој има апетит за ризик и опасност затворен во бескрајните тепачки и нелегални трки со мотори и границата на здравиот разум.
Дани | ТВ Пакет