Почетна / Сапуници / Љубов и смеа за сите генерации – „Наследници“ за викенд на Сител

Љубов и смеа за сите генерации – „Наследници“ за викенд на Сител

Вистинска летна забава и смеа за сите генерации секоја сабота и недела во 19.45 часот на Сител телевизија. Од сега хумористичната романса “Наследници” ќе ја следите само за викенд и тоа во продолжено времетраење од 19.45 часот до 22.45 часот.

Топла и необична приказна за магичната љубов на два различни света. Љубов која се роди по грешка, но која ветува весела пролет и лето со незаборавни доживувања на новите ликови од оваа романтична комедија. За Онур имаше еден услов – да добие наследник доколку сака да го добие семејното богатство и бизнис. Сосема случајно, се запозна со Лале и сосема случајно ја поминаа ноќта заедно.

Дали неочекуваната бременост на цвеќарката ќе го натера Онур да се ожени со девојка која воедно и не ја познаваше дотогаш? Дали бременоста на Лале е клучот кон наследството за Онур и неговите родители?

Секој викенд на Сител, насмејте се со семејствата на Лале и Онур во слатката приказна за “Наследници”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!