НОКАУТ и Авалон Продукција после 20 години се вратија на местото каде што Нокаут го одржа првиот голем концерт во СРЦ Кале, во организација токму на Авалон Продукција. Во октомври минатата година се одржа големиот концерт на Нокаут, кој го снимаше Македонската телевизија. По повод големиот христијански празник Велигден, денеска во 20.15 часот, на првиот канал на МТВ ќе се емитува снимка токму од овој настан.
„Лебедот бел”, големиот хит на “Нокаут” прекрасно звучеше во изведба на Јорданчо од Велес, кој е лице со аутизам. Гест за аплауз на славеничкиот концерт на „Нокаут” во СРЦ Кале е што го поканија ова талентирано момче кој е нивен голем фан. Концертот во СРЦ Кале беше концерт полн емоции, среќна публика и добро подготвен бенд на сцената.
Дани | ТВ Пакет