Контроверзната пејачка Лејди Гага одлучи да ги открие деталите околу својот прв парфем, откако на интернет се појавија фотографии од шишенцето, што има детали карактеристични за нејзините костими. Шишенцето е полно со црна течност, која ја менува бојата откако ќе го прснете на својата кожа.
Иако многумина шпекулираа дека парфемот ќе мириса на крв и на сперма, тоа е демантирано. „Парфемот содржи парчиња од орхидеја, мириса на црн тимјан, кајсија и комбинација на мед и шафран – со други зборови се што ви е потребно да мирисате на скапа курва“, изјави Гага и додаде:
„Мојот парфем е направен за жени, но многу од моите геј пријатели ќе го користат“, заклучи на крајот.
Chris | ТВ Пакет