Тамара Тодевска, македонската претставничка на „Евросонг“ оваа година направи изненадување кое сигурно нема да ве остави рамнодушни. Пејачката го посети домот на Нина Костовска и специјално за неа ја отпеа евровизиската „Proud“. Погледнете го видеото и разнежнете се со емотивното изненадување кое Тамара го подготви за златното девојче со Даунов синдром:
Нина добро ѝ е позната на македонската јавност. Дипломираше на Факултетот за македонски јазик и книжевност, истовремено помагајќи во аптеката на нејзините родители. Нејзиниот животен став, како едно од заштитните лица на УНИЦЕФ, го пренесе и во кампањата „See the ability not the disability“.
Дани | ТВ Пакет