Прва Скопска МТМ телевизија со саботна филмска треска на својата програма. Оваа сабота (4 мај) во 20.35 часот маратонот започнува со драмата “Девет полни месечини”. Силна љубовна приказна која го истражува односот на два навидум неверојатно различни светови и личности кои се родени еден за друг. Френки е алкохоличарка која е скоро разведена од стресен брак, а Лев е возач на лимузина кој сонува за музички бизнис. Дали се подготвени да се соочат со сите предизвици и да си помогнат еден на друг, гледаме вечерва на МТМ во 20.30 часот во “9 full moons”.
Веднаш потоа во 22.30 часот следува романтична приказна за “Таен милионер” и девојката која се бунтува против уништување на зеленилото од богатите, а пак нешто пред полноќ, маратонот завршува со акцијата “Скала на агресија”.
Еден мафијашки бос ќе испрати четворица наоружени борци да ги најдат луѓето кои се сомнева дека украле половина милион негови долари, но во текот на потрагата, тие ќе го запознаат агресивниот Овен кој знае како да направи смртоносни замки.
Дани | ТВ Пакет