По вчерашниот спектакл кој го одржи Лени Кравиц во Скопје, и фановите и организаторите се без зборови.
Лени (54), четирикратниот добитник на највисоките музички награди „греми“, кој со години ги освојува светските топ листи со своите хитови, во организација на „Авалон“ продукција, одржа концерт во Скопје, во рамките на европскиот дел на турнејата „Raise Vibration“, што почна на 28 април во Љубљана.
Врвот на коцнертот беше изведбата на големиот хит „Fly Away“ кога сите раце на присутните беа кренати, а атмосферата уште повеќе се загреа со „Are You Gonna Go My Way“ кога целата арена се тресеше од добри вибрации. Тоа беше и официјалниот крај на концертот, а на бис Лени ги отпеа баладите: „Here to love“, „Stillness of Heart“ и „Аgain“.
По повод она што му се случи на Скопје, се огласија и Авалон кои за прв пат немаат зборови да опишат што се случувало. Во продолжение ви го пренесуваме нивниот став по концертот :
За прв пат, една вечер после одреден концерт не чувствуваме никаква потреба да напишеме било што бидејќи сè што требаше да се каже, покажавте и споделивте Вие со вашите безбројни и убави коментари и уште поубави фотографии и видеа од вчерашното шоу на Lenny Kravitz.
Како и секогаш досега на овој тип на концерти, најголема ѕвезда на истите е – вашата неверојатна енергија.
Се надеваме дека сите Вас ќе ве видиме и на Sting на 02-ри јуни, каде на Градски стадион ќе се одржи досега навистина најголемиот концертен спектакл во историја на Република Македонија!
Одиме понатаму,
Авалон Продукција
Дани | ТВ Пакет