Почетна / Uncategorized / Познатиот турски актерски пар проговори за бракот и довербата

Познатиот турски актерски пар проговори за бракот и довербата

Кадир Догулу, актерот кој го гледавме во турските телевизиски серии “Рането срце” и „Дозволи да те сакам“ проговори за својот брак со Неслихан Атагул, нам позната како Нихан од „Карасевда“. Тие својата врска ја започнаа додека глумеа во серијата „Рането срце“ во 2013, а три години подоцна љубовта ја крунисаа со брак.

Две години сте во брак, меѓутоа константно излегуваат вести за развод…

  • На магазините им се потребни такви вести за да би опстанале. Нам секој ден ни е се поубаво во бракот, ние се венчавме верувајќи дека можеме секоја препрека да ја совладаме заедно.

Што се промени во вашиот живот откако сте во брак?

  • Се смирив и животот ми се разубави.

Што е тоа што го прави вашиот живот толку убав?

  • Не е лесно да се бориш сам во овој свет. Треба да се подржуваме меѓусебно, рамо до рамо, грб до грб, понекогаш да бидеш еден чекор пред оној другиот, а понекогаш еден чекор зад него. Накратко, ги проживувам само убавите работи кои ги нуди бракот.

Што ве научи вашата врска?

  • Научивме да станеме едно. Кога две личности станат едно, тоа е чудо.

Заедно сте 5 години, дали љубовта се менува со времето?

  • Љубовта секој ден се повеќе расте. Секое утро се будам гледајќи ја до себе и му се заблагодарувам на бог за тоа.

Неслихан го истетовира вашето име на десната усна, дали вие направивте нешто слично на тоа за нејзе?

  • Таа со тоа сакаше да ме изненади. Јас немам тетоважи, ја искажувам мојата љубов на други начини.

Каков пар сте?

  • Она што луѓето го нарекуваат сродна душа, тоа не може да биде вашата жена. Тоа може да биде вашиот брат или другар. Ние сме два различни карактери и со секој ден откриваме нови работи еден за друг.

Дали еден на друг ги откривте шифрите на телефонот?

  • Таа знае се за мене и јас знам се за нејзе. Ние сме маж и жена и потребно е да си ги знаеме шифрите на телефонот доколку нешто се случи. Но не се контролираме еден со друг.

Тие од неодамна се преселија во поголема вила и сега чекаме вести за бременоста и доаѓањето на третиот член во фамилијата, се надеваме наскоро.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!