Почетна / Сапуници / Завршува деветта сезона на „Долина на волците“ на Алфа

Завршува деветта сезона на „Долина на волците“ на Алфа

Вечерва, 17 мај, на Алфа телевизија ќе биде емитувана последната епизода од 9. сезона на популарната крими серија “Долина на волците – заседа”. Од понеделник, ТВ Алфа нема да продолжи со емитување на новите епизоди на серијата, туку на нејзино место ќе емитува италијанска криминалистичка серија. За потсетување, Алфа телевизија ја емитуваше само деветтата сезона од Волците, а гледачите останаа куси без седма и осма сезона затоа што истите досега на ниедна телевизија не беа емитувани.

Дали гледачите ќе имаат воопшто можност да ја проследат десетата и последна сезона од Волците, останува знак прашање. Разврската на мафијашката сага и последните акции на Полат засега нема да се емитуваат на Алфа телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија, драмски мелодрами не се емитуваат на државната тв

За љубителите на дневни фамилијарни и романтични саги, секоја државна телевизија во целиот регион одвојува …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!