Почетна / Телевизија / Македонците останаа без ЛШ и ракомет, но затоа ќе има турско и Гранд

Македонците останаа без ЛШ и ракомет, но затоа ќе има турско и Гранд

Оваа сезона, Македонија остана без преноси од најпопуларните Лиги на шампиони на фудбал и ракомет. Спортската и граѓанската јавност деновиве особено жестоко коментираат на социјалните мрежи, затоа што финалето на УЕФА лигата и полуфиналето во кое игра македонската гордост Вардар не може да се следат преку националните концесии на македонските телевизии.

Денеска, 1 јуни, со почеток во 18 часот, македонскиот ракометен првак Вардар игра против Барселона во традиционалниот фајлнфор турнир во Келн, во „Ланксес арената“. Натпреварот ќе се емитува на каналот Арена, кој имаат можност да го пратат само корисниците на МАКС ТВ, како опција “pay per view”. Веднаш потоа, во 21 часот следува спектаклот – финалето во Лигата на шампионите, на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, каде ќе се сретнат англиските тимови Ливерпул и Тотенхем.

Правата за овие финалиња ги има само Арена за територијата на Македонија. Ниедна македонска телевизија нема да ја пренесува гордата битка на Вардарци, ниту финалето на ЛШ. Додека одат овие спектакли, на Македонската телевизија ќе се емитува некаква документарка “Автопортрет” и игран филм, на Сител ќе оди маратонска епизода од турска серија која ќе трае три часа, на Канал 5 ќе се емитува “Ѕвездите на Гранд”, а на Алфа српски прајмтајм со емисии и серии од соседството.

https://www.facebook.com/TelekomMK/videos/401577617094720/?t=0

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!