Од недела, 2 јуни започнуваат емисиите на големата сцена на “Ѕвезда број 1”, талент шоуто на 1 ТВ. Во овие полуфинални емисии ќе се натреваруваат вкупно 39 полуфиналисти, кои беа избрани низ аудициите ширум нашата земја, а десетмина од нив ќе влезат во големото гранд финале кое ќе се одржи во јули.
Жирито ќе биде составено од Елена Петреска, уметнички директор на „Мел Фест“ и втор човек на ова шоу, новинарката Вања Тодоровска, Александар Масевски и Сергеј Варошлија, додека пак директорот на фестивалот „Мел Фест“ и „Арт 10 продукција“, Пеце Стојкоски, ќе го сочинува продукциското жири.
Борбата ќе биде навистина голема. Фестивалот „Мел Фест“ отсекогаш бил расадник на таленти, па така и овој пат, преку овој формат на шоу кое е комплетна идеја на тимот од фестивалот, публиката нека очекува спектакуларно шоу кадеќе се отвори патот за оформување на нова гарнитура пејачи во Македонија, со кои сите ќе се гордееме. Првопласираниот кандидат ќе потпише ексклузивен договор со нашата продукција за нови песни, спотови и апбуми, а ќе добие и стан во Скопје, додека пак второ и трето пласираните кандидати ќе добијат песна и спот, вели Пеце Стојкоски.
Дани | ТВ Пакет