Секоја недела во 20 часот на Телма ќе се репризира “Crossbones”, мини серија која веќе се емитуваше на истата фреквенција минатата година. Серијата е работена по романот “The republic of pirates”, а креатор е Нил Крос, најпознат по работата на британската серија “Luther”. Приказната за пиратите иако беше долгоочекуван проект на NBC, сепак не ја освои критиката. За гледачите, серијата беше забавна, а за критичарите неквалитетна.
Дејството се одвива во текот на десетте златни години на гусарството помеѓу 1715 и 1725 година, а ги прати авантурите на најпознатиот пират на светот – Едвард Црнобрадиот, кој ја основал својата одметничка нација New Providence. Додека британските власти го сметаат за мртов, Едвард се крие на островот Санта Кампања каде започнува со своите пиратски операции под псевдонимот Црнобрадиот.
Дани | ТВ Пакет