МТВ со реприза и на скандинавската трилер серија “Арн Дал” во 21.30 часот и тоа по втор пат репризно емитување откако лани беше веќе и еднаш репризирана. Истовремено серијата се емитува и на 1 ТВ, што значи ова е веќе четвртто емитување на телевизија.
Екранизација на серијалот на романи на Јан Арналд, кој овие дела ги издал под псевдонимот Арн Дал. Екранизирал вкупно 10 романи, секој по 180 минути. Арн Дал се смета за еден од најдобрите скандинавски писатели на крими романи. Неговите книги се продадени во повеќе од 4 милиони примероци и се преведени на над 30 светски јазици.
Серијата претставува вистинско уживање за љубителите на жанрот „нордик ноар“, а во средиштето на овој мрачен трилер се наоѓа тим од одлични детективи и стручни лица кои максимално се посветени на работата. Злосторствата што ги истражуваат се свирепи и многу комплексни, а тимот мора да ги открие внатрешните мотиви на извршителите и нивните скриени цели. Серијата е скандинавски мрачна, одлично направена, и повеќепати наградувана.
Дани | ТВ Пакет