Скршените стакла во салата Јане Сандански во Скопје и повредениот полицаец сведочат за дивеењето на навивачката група „Фемили“ за време на завчерашниот натпревар меѓу кошаркарските екипи на МЗТ и на Работнички. Полицијата вели дека дел од навивачите почнале да фрлаат предмети на теренот, а по завршувањето на натпреварот ја каменувале полицијата. На повредениот полицаец му е укажана лекарска помош, а полицијата ќе преземе мерки за пронаоѓањето на напаѓачите.
Martin M. | ТВ Пакет