Вистинско лудило на сцената на Гранд се случи вечерва за време на настапот на нашиот македонски кандидат Филип Пецовски. Енергичниот Македонец уште еднаш ги шокираше сите во студиото со својот ‘луд’ настап, па токму затоа ги освои симпатиите на сите и се пласираше во полуфиналето од “Ѕвездите на Гранд”.
Покрај сите останати учесници, Филип се издвојува со своите оригинални интерпретации и танцот кој го вметнува во секоја од изведбите. Овојпат на сцена, придружуван од неколку танчерки кои му помогнаа во играњето.
Неговата менторка Јелена Карлеуша за целото време на неговите изведби, скокаше и пееше заедно со него, а и останатите членови на жири комисијата се согласија дека Пецовски е следната балканска ѕвезда. Во продолжение погледнете го првиот настап на Филип со кој, тој настапи вечерва на Нова БХ, Прва Црна Гора и Прва Србија :
Дани | ТВ Пакет