Вечерва на Алфа телевизија во 21.30 часот ќе се емитува втората полуфинална вечер од српското музичко шоу “Ѕвездичките на Пинк”. Овојпат осум деца ќе се борат за влез во големото финале. Осум ѕвездички во борба за најдоброто од најдобрите во сите сезони. Ника, ирина, Исидора, Жарко, Тара, Урош, Давид и Матеја. Кои од нив со гласовите од публиката ќе си замине вечерва од натпреварот?
Нашата Антониа Гиговска е веќе во финале, а кој ќе ѝ се придружи вечерва, следиме директно на Алфа со почеток во 21.30 часот. И оваа полуфинална вечер ќе се следи од страна на водителката на Алфа на која друштво ќе ѝ прави Дани Димитровска со која заедно ќе ги коментираат настапите на ѕвездичките.
Она за што гледачите реагираа на социјалните мрежи е што македонската коментаторка заедно со нејзините гости го “украле” шоуто на Пинк минатиот петок со тоа што постојано давале коментари и превод на сето она што било кажано во шоуто. Со оглед на критиките, се надеваме дека втората полуфинална вечер ќе помине помирно со Алфа и дека ќе имаме можност да ги слушнеме оригиналните коментари на жири комисијата и водителите на сцената на Пинк.
Дани | ТВ Пакет