Постои одредена категорија на филмови кои се навистина лоши, но во себе содржат дух кој го тераат гледачот повторно да се врати кон нив и да ги погледне, или поинаку кажано, толку лоши што се добри во тоа да бидат лоши.
Сепак најпопуларен пример од оваа класификација на филмови е доста познатиот “The Room” од 2003 година кој тогаш го режираше еден целосно анонимен лик, а денес толку мистериозен Томи Визо (Tommy Wiseau). Овој филм многумина го сметаат за најлошиот филм некогаш снимен, но тоа е и една од причините за неговата популарност, бидејќи сепак публиката сака да дознае зошто баш овој филм е најлошиот филм на сите времиња.
Дел од публиката дури и останува воодушевена од тоа што го гледа во филмот, па дел од тие реплики и продолжуваат да се користат и понатаму. Грег Сестеро (Greg Sestero) кој е еден од глумците во филмот издава книга со наслов Катастрофален уметник (The Disaster Artist) која детално опишува за сите работи поврзани со снимањето на овој филм. Филмот и книгата повторно беа во центарот на вниманието па Џејмс Франко ја снимија и истоимената екранизација на оваа книга.
Ова е филм за пријателството, љубовта, довербата, но и приказна за скршените срца, неизбежно преполн со урнебесен хумор. Приказната во филмот се базира на животот на Визo кој во 2001 година го напишал за театарска претстава. Потоа следи книгата од 500 страници која ниту еден издавач не сакал даја издаде и на крај тој пишува сценарио за филм. Визо сам обезбедил шест милиони долари колку што чини буџетот на филмот и инсистирал да биде главен и одговорен, иако немал никакво искуство во филмската област.
Иако никаде никогаш не бил рекламиран, овој филм ја стекнал најголемата популарност во ноќните проекции и од тогаш се уште е популарен.
Повеќе за филмот, прочитајте на Филмска анализа.
| ТВ Пакет