Еден погрешен чекор ќе го разоткрие неговиот двоен живот. Приказна за напорите и искушенијата на човекот кои поради одлуките од минатото ќе се најде меѓу два огна, две жени, две ќерки и два сина. Татко растргнат меѓу две фамилии ќе мора да ја признае вистината затоа што во рацете на непризнатиот син лежи животот на оној другиот. Две фамилии, но само една вистина. Два живота, но само една судбина.
Актерот од “Под сенката на врбите”, “Мојата тажна песна” и “Девојката која ја сакав” во опасен триаголник со две жени. Едната позната за нас по улогите во “1001 ноќ” и “Очајни домаќинки”, a другата ја гледавме како Џемиле во хит серијата “Бурни времиња”.
Наскоро на Сител, очекувајте ја нивната нова приказна, приказната за човекот кој живееше “Двоен живот”.
Дани | ТВ Пакет