Почетна / Сапуници / Летната бразилска теленовела „Карипски цвет“ на ХРТ 1

Летната бразилска теленовела „Карипски цвет“ на ХРТ 1

Бразилска новела од понеделник до петок на кабловскиот прв канал на Хрватската телевизија 1 во 12.30 часот. Под сценарио на Валтер Неграо и под режисерската палка на Жаиме Монжардим (Клон, Живеејки го животот), снимена е на егзотични локации како Рио Гранде до Норте и Гватемала.


Сторијата на серијата започна во во еден мал крајбрежен и колоритен град каде што живее убавата Естер, која е во врска со пилотот Касијано.
Богатиот Алберто е најдобар пријател на Касијано и со години е тајно вљубен во Естер. Заслепен од љубомората која го измачува, Алберто смислува план да ја раздели среќната двојка. Бара од Касијано да пренесе пакет со дијаманти во Гватемала. Она што Касијано не го знае е дека дон Рафаел, човекот на кој треба да му ги предаде дијамантите на Карибите, всушност е шеф на мафија кој го заробува Касијано во еден од рудниците во Гватемалската џунгла, додека во Бразил доаѓа известување дека Касијано е исчезнат.

Во следните епизоди, Естер дознава дека очекува дете од саканиот и во тој миг Алберто го спроведува својот план да ја побара за жена за да не биде самохрана мајка. Естер прифаќа.

Љубов, страст и многу сплетки следат во возбудливата авантуристичка приказна за “Карипското цвеќе” која освојува со песочните плажи, рајските пејсажи и магијата на една вистинска љубов.

( Естер – Граци Мацафера )

( Касијано – Хенри Кастели )

( Алберто – Игор Рикли )

( Жулиано – Бруно Гисони )

( Таис – Дебора Насименто )

( Амаралина – Стефани Брито )

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!