Почетна / Телевизија / Мишко нема да води повеќе вести и дебати на ТВ 24, еве и зошто

Мишко нема да води повеќе вести и дебати на ТВ 24, еве и зошто

Мишко Иванов се повлекува од уредувањето вести и водењето политички емисии на ТВ 24 поради политичкиот ангажман на неговата сопруга, Татјана Стојановска Иванова, која од неодамна е член на ИО на СДСМ.

,,Сакам да ве информирам дека после сите случувања изминатава недела, јас Мишко Иванов, новинар од 1997 година, досега без ниту една дамка во својата кариера, поради политичкиот и партискиот ангажман на мојата сопруга во ИО на СДСМ, се повлекувам од уредување на Вести и Дневник, а и од политички соочувања. Прво, не сакам да го нарушам угледот на телевизјата кој се гради со години, а второ и мојот морален и етички моментум не ми дозволува да бидам уредник на Дневник или пак да водам политички и економски дебати..

Останувам во ТВ 24 и фокусот кон насочувам исклучиво кон моето милениче „Патот до Успехот“, емисија наградувана, гледана и респектирана, што ми е посебна сатисфакција. Оваа одлука ја донесов веднаш по прифаќањето на политичката функција на мојата сопруга. Ја објавувам денес, чекајќи да видам до каде ќе отидат со плукањата моите колеги.

Благодарност од менаџментот и уредничкиот тим на ТВ 24 кои најдоа разбирање за оваа моја одлука. Новинар сум бил, новинар и ќе останам и никокаш нема да дозволам да се судрам со моралот и етиката. Поздрав и гледајте “Патот до успехот” на ТВ 24….“ – напиша Иванов на својот ФБ профил.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!