Од понеделник до петок на Сител телевизија ја гледате новата играна серија “Двоен живот”. Еден погрешен чекор ќе го разоткрие неговиот двоен живот. Приказна за напорите и искушенијата на човекот кои поради одлуките од минатото ќе се најде меѓу два огна, две жени, две ќерки и два сина. Татко растргнат меѓу две фамилии ќе мора да ја признае вистината затоа што во рацете на непризнатиот син лежи животот на оној другиот.
Кенан Ипекчи е деловен човек кој живее со сопругата Сузан, синот Мерт и ќерката Чичек. Навидум идиличен семеен живот. Но, паралелно со овој живот на богат бизнисмен и посветен татко и сопруг во Истанбул, тој има и друг живот. Живот на татко и сопруг на друга фамилија во Адана.
Таму живее неговата љубов од младоста, Нулгун со која ги има децата Хасрет и Кадер. Поради сплетки од неговата фамилија, тој морал да се раздели од Нулгун и за да ги заштити неговите деца, ќе мора да води двоен живот и да се грижи и за таа фамилија. Откако лагите ќе излезат на виделина, Кенан ќе стори сѐ за да ја заштити својата непрежалена љубов, но и да ја одржи врската меѓу децата од двете фамилии, кои меѓусебно се мразат.
Неговата законска жена Сузан е горделива и високообразована која откако ќе открие за постоењето на другото семејство на сопругот, решава работите да ги превземе во свои раце и да го уништи животот на чесната и сиромашна Нулгун и нејзините деца. Семејните тајни ќе ги усложнат животите на двете фамилии, ќе донесат лавина од сплетки и завери, но ќе отворат и стари рани кои е невозможно да се зашијат така брзо и едноставно.
Дани | ТВ Пакет