Рано наутро, еден ден, ограбена е банка во центарот на Стокхолм. Кога полицијата го истражува местото на кражбата, сфаќаат дека крадците исчезнале без никаква трага.
Тимот специјалци под контрола на US Intelligence, го превземаат случајот и тогаш откриваат еден од крадците кој се крие во ѕидовите на банката.
Трагите на случајот водат до поврзаност на кражбата со тајните од времето по Втората светска војна, времето на Студената војна. Нашите храбри истражители се на чекор до разоткривање на големата игра во која крадците се само обични пиони. А играта е толку опасна, што наскоро започнува да ги зема и првите жртви.
Оваа среда (26 јуни) и петок (28 јуни) во 23 часот на 1 ТВ следете ги возбудливите епизоди од шведската трилер серија “Арне Дал”. Епизодите за случајот со големото откритие по големата кражба.
Дани | ТВ Пакет