35-годишниот шеф Никола од кулинарското гејм шоу „Брза кујна“ изминатиов викенд направи журка за неговата свадба.
Тој и неговата девојка Стефанија се венчаа минатата недела, а сега само направија забава за своите најблиски роднини и пријатели. На свадбата, Стефанија носеше едноставна венчаница со спуштени ракави, а Никола беше облечен во тегет костум.
Меѓу гостите на журката беа и колегите на Никола Мишковски од „Брза кујна“, шеф Марк де Јонг и водителката Александра Илиевска. Никола и Стефанија наскоро го очекуваат своето прво дете, a тимот на ТВ Пакет им го честита бракот.
Овие денови ги следиме последните емисии од оваа сезона на “Брза кујна” на ТВ Сител, а од есен следуваат уште повозбудливи емисии со добропознатиот тим на стручњаци во кујната.
Дани | ТВ Пакет