Пред почетокот на викенд трките во Формула 1, Луис Хамилтон ја критикува одлуката да се одржи трката во Формула 1 за големата награда на Велика Британија во ист ден како и финалињата на Светското првенство во крикет во Лондон помеѓу Англија и Нов Зеланд и на машкиот тениски гранслем-турнир во Вимблдон. Финалето на СП во крикет е од 11.30 часот, финалето на Вимблдон е од 15 часот, трката во Ф1 почнува во 16.10 часот.
Хамилтон денес ќе се обиде да ја забележи рекордната шеста победа на британскиот гран-при. По лошите резултати во Австрија, Ботас и Хамилтон се подготвени повторно да се вратат на старите навики во Велика Британија.
Во моментов Хамилтон го дели рекордот со Џим Кларк и со Ален Прост. Петкратниот светски шампион победи на патеката Силверстоун четири пати во изминатите пет години. По девет трки сезонава Хамилтон води со 197 бода, а потоа следуваат Валтери Ботас со 166, Марк Ферстапен со 126, Себастијан Фетел со 123 итн.
https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/693199997807655/?t=1
За што ќе се одлучат фановите на спортот денес? Светски тениски турнир или за адреналинска трка на легендите? Уживајте во спортскиот викенд екслузивно на ТВ 24 и 1 ТВ.
Дани | ТВ Пакет