Сител телевизија од понеделник до петок во 23.30 часот ја репризира британската серија “Среќниот Хари” (Stan Lee’s lucky man), која е во продукција на Carnival Films и POW! Entertainment. Во продолжение ве потсетуваме на содржината на оваа интересна приказна од 28 продолженија.
Хари е детектив во Лондон, чиј живот се менува по една преспиена ноќ со мистериозната Ив од кога што и добива античка кинеска бразлетна која има чудна моќ. Таа носи натприродна среќа. Па така, ако дотогаш Хари имал проблем со коцкањето по што ги изгубил жената, ќерката и парите, сега со новата моќ, тој почнува да си ги придобива работите во своја корист. Среќата му помага и во работата, во решавање на тешките убиства кои му се доделени како случаи.
Улогите ги толкуваат James Nesbitt, Eve Best, Sienna Guillory, Amara Karan, Darren Boyd, Steven Mackintosh, Stephen Hagan, Thekla Reuten.
Дани | ТВ Пакет