Од понеделник до петок на Телма телевизија во 17.30 часот ќе се емитува популарната американска серија од 90-тите – “Чувари на плажата”. Прикажувана е од 1989 до 2001 година, а дејството се одвива во Лос Анџелес и ги прати животите на главните јунаци – спасители, кои работат на плажа.
Еден од создавачите, Грегори Џ. Бонан, работел како спасувач на лосанџелската плажа и затоа го започнал овој проект, кој поради популарноста, прераснал во телевизиска серија. Поради високата цена на тогашната продукција, по првата сезона, NBC ја укинала серијата, но поради големата популарност било повторно вложено во неа, и тоа од страна на главниот глумец Дејвид Хаселхоф, кој е и извршен продуцент.
Во подоцнежните години, “Baywatch” доживува светска слава и голем успех надвор од Америка, особено од третата сезона кога се појавува Памела Андерсон како една од спасувачките.
По 20 години, серијата повторно во Македонија на Телма телевизија. Мич и неговата екипа ќе се најдат во опасни ситуации, во кои ќе мора да помогнат на колегите и цивилите на плажите на ЛА. Давење во водите, потреси, тонење на бродови, киднапирања, разбојништва, напади од морски кучиња и многу други непредвидливи акции следуваат за храбрите чувари на плажата.
Дани | ТВ Пакет